Достапни линкови

logo-print

Официјална Атина со ново соопштение за Македонија


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, за време на синоќешната работна вечера со неговите колеги од НАТО посветена на политиката на проширување оценил дека прашањето за името не е билатерално прашање меѓу ФИРОМ и Грција, туку отворен, меѓународен проблем. Ова попладнево го соопшти грчкото МНР, кое претпладне објави дека грчките позиции за предусловите за членство на Македонија, се апсолутно јасни и повеќе се поврзани со општите критериуми на НАТО, а не со грчко македонските билатерални односи. Венизелос додал дека вистинскиот проблем на Македонија бил внатрешен и институционален, поврзан со демократија и владеење на правото и на етничка кохезија, почит и целосна имплементација на Охридскиот договор за коегзистенција на словенската и албанската заедница. „Уште подлабок проблем е постоењето на официјална државна идеологија и идеолошка употреба на историјата во потрага по вештачки национален идентитет преку антиквизација. Грција ја покажа својата подготвеност за компромис сложено име со географска одредница за секоја употреба“, рекол Венизелос.
XS
SM
MD
LG