Достапни линкови

Во Мексико украден камион со радиоактивен материјал


Меѓународната организација за атомска енергија соопшти дека камион со опасен радиоактивен материјал бил украден во Мексико. Агенцијата прецизира дека камионот превезувал радиоактивен кобалт од една болница во Тихуана до центарот за радиоактивен отпад. Се страхува дека овој материјал би можело да биде искористен за правање таканаречена „валкана бомба“. Во минатата година Агенцијата регистрирала 17 случаи на илегално поседување и обиди за продавање нуклеарен материјал.
XS
SM
MD
LG