Достапни линкови

УСАИД со два проекти во енергетскиот сектор


Очекувањата од проектите се дека ќе придонесат за економскиот развој на земјава. Сето ова преку зголемување на енергетската ефикасност во индустријата и заштедите на енергија.

Очекувањата од промовирањето на двата нови проекти на УСАИД реализирани во соработка со Владата на Република Македонија –проектот за индустриски менаџмент и проектот за инвестиции во чиста енергија, се дека ќе придонесат за економскиот развој на земјава. Сето ова преку зголемување на енергетската ефикасност во индустријата и заштедите на енергија.
Преку воведувањето на овие системи кои овозможуваат на компаниите заштеда на енергија тоа допренесуваат и да станат профитабилни.
Драган Блажев, директор на Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент.

„Преку воведувањето на овие системи кои овозможуваат на компаниите заштеда на енергија тоа допренесуваат и да станат профитабилни, подобро рангирани, конкурентни на пазарот, домашен и странски, за оние кои се извознички посебно многу е битно“, појаснува Драган Блажев, директор на Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент.

Во енергетската потрошувачка на Македонија, индустријата учествува со околу 30 проценти. Индустрискиот сектор учествува со повеќе од 28 отсто во бруто домашниот производ и вработува над 30 проценти од сите вработени во земјава. Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс очекува дека со двата проекта може да се влијае и на подобрување на овие проценти.
Се надевам дека овие два проекти ќе поттикнат за големи придобивќи посебно за граѓаните на Република Македонија.
Пол Волерс, американски амбасадор во Македонија.

„Се надевам дека овие два проекти ќе поттикнат за големи придобивќи посебно за граѓаните на Република Македонија, пред се отворање на нови работни места, но исто така овие проекти за чиста и обновлива енергија подразбираат и економски развој.“

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија во земјава ќе го потенцира значењето на енергијата за конкурентноста на компаниите, посочува Блажев. Со двата проекта ќе се воведат системи за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија во повеќе компаии од приватниот сектор од различни индустриски гранки. Истовремено со тоа и ќе се модернизира производствотот и ќе се зголеми ефикасноста на компаниите. Меѓу очекуваните резултати е и намалувањето на емисијата на стакленички гасови, зависноста од увоз на енергија, намалување на потрошувачката на енергија со користење на поевтини извори на енергија и овозможување нови инвестиции.
XS
SM
MD
LG