Достапни линкови

Путин подржува амнестија за Пуси Рајот


Рускиот претседател Владимир Путин се согласи со амнестија со која може да бидат ослободени активистите на Гринпис и затворените членки на панк групата Пуси Рајот.
Путин изјави дека амнестија нема да се применува на оние осудени за тешки или насилни злосторства и оти таа треба да се разбере како хуманизам на власта. Путин ова го зборуваше на состанокот со Народниот правобранител Владимир Лукин и со шефот на Советот на претседателските човекови права Михаил Федотов. Федотов изјави дека амнестија може да се примени за притворените членови на Гринпис, за поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, и лидерот на опозицијата Алексеј Навални како и за членките на Пуси Рајот Надежда Toлоконикова и Марија Aлокина. Законот за амнестија мора да биде одобрен од страна на рускиот парламент.
XS
SM
MD
LG