Достапни линкови

Иванов: Македонија е шанса за ЕУ да го оправда кредибилитетот


Петтиот извештај на Европската комисија за Република Македонија е шанса ЕУ да го оправда сопствениот кредибилитет и да овозможи почнување преговори за членство, рече претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на третиот годишен состанок на Центарот за глобален дијалог и соработка што се одржува денеска во Виена. Доследноста во проширувањето, потенцира Иванов, ќе и помогне на Унијата да остане конкурентна на светската сцена, јави МИА. Европски Совет, според Иванов веројатно ќе го има предвид она што се случи со Украина и потемелно да се посвети на Балканот.
XS
SM
MD
LG