Достапни линкови

Лавров - да нема мешање во украинските работи


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров побара да нема мешање од надвор во политичката криза во Украина.

Лавров ова го изјави по состанокот со министрите за надворешни работи на земјите на НАТО во Брисел во пресрет на состанокот на Советот НАТО – Русија.

Претходно украинскиот премиер Микола Aзаров ја предупреди опозицијата да престане да ги крева политичките тензии, а демонстрантите, кои ги блокираат владини згради, дека секој што е виновен за кршење на Уставот и законите ќе се соочи со казна.
XS
SM
MD
LG