Достапни линкови

Независно од тоа каков бил составот на американската администрација, САД секогаш имале иста политика кон Македонија во насока на поддршка и соработка, велат познавачите.

Преку низа клучни моменти кои ги одбележаа дипломатските односи со Македонија во изминатите 20 години Соединетите Држави ја покажаа конзистентноста на надворешната политика кон земјава, оценуваат експертите.
Американската надворешна политика ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија во постојните граници, тоа е број еден.

Професор Стево Пендаровски вели дека не постои ниту еден важен момент од поновата македонска историја кој не е поддржан со директна поддршка и учество на САД.

„Осамостојувањето на Македонија меѓу другото беше и проект на Америка. Во 1993 Резолуцијата за влез на Македонија во ОН е директно спонзорирана од Америка, иако формално други три држави се јавуваат како поддржувачи и иницијатори. Во 2001, Рамковниот договор е од почетокот до крајот е практично продукт на американската дипломатија. Во 2004 Америка го дава најсилниот доказ дека ја поддржува Македонија со тоа што го призна
Останува онаа варијанта на тајна дипломатија, веројатно се користи како комуникација меѓу двете страни, меѓутоа не очекувам нешто многу во тој правец.
нашето уставно име. Во 2008 имавме невидена дипломатска поддршка од САД од највисоко политичко ниво, од американскиот претседател за влез во НАТО.“

Независно од тоа каков бил составот на американската администрација, САД секогаш имале иста политика кон Македонија во насока на поддршка и соработка, се согласува и аналитичарот Едмонд Адеми. Но, она што според него фрла сенка на дипломатските односи меѓу двете земји е моменталното антиамериканско расположение кое според него го креираат дел од македонските медиуми.

„Не дека тоа ќе ги наруши односите меѓу двете држави, туку тоа фрла сенка на оваа дваесетгодишнина.“

Пендаровски не се согласува со оние кои мислат дека Америка игра двојна улога и има други фаворити во регионот.

Ако тоа беше така, се сомневам дека ние ќе бевме се уште во истите граници и дека ќе можевме на тие наводни притисоци за разбивање на Македонија да се спротиставиме, вели Пендаровски. Очекува американската политика кон земјава да остане таква, иако додава дека ресурсите кои таа ќе ги посветува за реализација на таа цел ќе бидат драстично намалени поради репозиционирањето на нивните глобални приоритети.

„Американската надворешна политика ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија во постојните граници, тоа е број еден. Број два, Македонија како полноправна членка во двете клучни евроатлански организации и трето не не најмалку битно, туку можеби и најбитно, не било каква Македонија, туку Македонија како држава уредена според највисоките демократски принципи.“

Адеми смета дека во овој момент Балканот не е во фокусот на американската надворешна политика,па оттука е тешко во блиска иднина да се очекува поголем притисок во однос на решавањето на прашањето за името и македонските евроинтеграции.

„Останува онаа варијанта на тајна дипломатија, веројатно се користи како комуникација меѓу двете страни, меѓутоа не очекувам нешто многу во тој правец, од проста причина што тоа пред се ќе зависи од нас“, изјави Адеми.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG