Достапни линкови

Бајден - САД и Кина мора да соработуваат


Американскиот заменик-претседател Џо Бајден изјави дека САД и Кина мора да ја прошират практичната соработка и да покажат резултати. Бајден ова го изјави на состанокот со кинескиот потпретседател Ли Јуанчао во Пекинг.

Посетата на Бајден на Кина доаѓа по одлуката на Пекинг да воспостави воздушна одбрана зона над спорните острови во Кинеско море што предизвика протести од САД, Јапонија и Јужна Кореја. САД, Јапонија и Јужна Кореја превзедоа воени летови преку оваа зона без да ги известат кинеските власти, како што бара Пекинг.

Во зоната инаку се вклучени јапонски контролирани островите Сенкаку кои се наоѓаат во близина на наоѓалишта си нафта и гас. Кина соопшти дека нејзините сили се целосно способни за остварување ефективна контрола врз областа.
XS
SM
MD
LG