Достапни линкови

Средба на шефовите на дипломатиите Русија - НАТО


Министрите за надворешни работи на земјите на НАТО се состануваат денеска со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Брисел во пресрет на состанокот на Советот НАТО – Русија.
Лавров претходно одржа разговори зад затворени врати со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен.
Според медиумите, се очекува да биде покренато прашањето на Украина, каде што продолжуваат протестите поради одбивањето на владата да потпише договор за поблиски врски со ЕУ.
Вчера американскиот државен секретар Џон Кери индиректно го критикуваше рускиот притисок врз Украина, велејќи дека Украина е предмет на несоодветна војна околу нејзината иднина
XS
SM
MD
LG