Достапни линкови

logo-print

Поранешни романски министри осудени за трговска шпионажа


Врховниот Касационен суд на Романија ги осуди поранешниот министер за економија Кодрут Серес и поранешниот министер за комуникации Золт Наѓ на шест односно пет години затвор поради трговска шпионажа и издавање тајни при продажба на стратегиски државни компании.
Двајцата поранешни министри изјавија дека нивните случаи се политички мотивирани.
Судот оцени дека од мај 2005 до ноември 2006 година тие учествувале во трговска шпионажа и собирање тајни документи за продажба на државни компании, вклучувајќи ја и енергетската фирма „Петром“ и телекомуникациската компанија „Ромтелеком“, и ги користеле тие информации против националните интереси, предизвикувајќи и на државата повеќемилионска штета.
XS
SM
MD
LG