Достапни линкови

logo-print

Волерс - Сакаме Македонија интегрирана во евроатлантската заедница


Архивска фотографија: Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Архивска фотографија: Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Мисијата на САД во Македонија не е промената од првиот ден. Со гордост ја нарекуваме Македонија наш пријател и сојузник и сакаме да видиме како оваа извонредна земја го остварува својот потенцијал како силна динамична и просперитетна демократија целосно интегрирана во евроатлантската заедница.

Ова го истакна амбасадорот на САД Пол Волерс во обраќањето на синоќешната свеченост во Американската амбасада во Скопје по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Соединетите Држави и Република Македонија.

Во присуство на претседателот на Собранието на Трајко Вељаноски, министри во Владата, актуелни и поранешни пратеници, претставници на политичките партии, на интелектуалната и бизнис елита, на судството, на верските заедници, Волерс рече дека САД ја поддржуваат Македонија во многу области за што во изминатите 20 години имаат обезбедено повеќе од една милијарда американски долари како помош.

САД отворија канцеларија за врски во Скопје на 3 декември 1993 година, а првиот шеф на мисијата, амбасадорот Виктор Комрас, формално почна со работа во април 1994 година. Формални дипломатски односи беа воспоставени во 1995 година кога Канцеларијата за врски достигна целосен статус на Амбасада, а прв амбасадор беше Кристофер Хил. Во 2004 САД официјално ја признаа Македонија под уставното име. Амбасадата на САД во новите простории на улица „Самоилова“ се пресели во 2009 година за време на мандатот на амбасадорот Филип Рикер.
XS
SM
MD
LG