Достапни линкови

Бајден пристигна во посета на Кина


Архивска фотографија: Потпретседателот на САД Џо Бајден во посета на Кина во 2011 година.

Архивска фотографија: Потпретседателот на САД Џо Бајден во посета на Кина во 2011 година.

Потпретседателот на САД Џо Бајден пристигна во Пекинг на средби со кинеските лидери. Се очекува да се разговара и за зголемувањето на регионалните тензии откако Кина донесе декларација за зона за воздушна одбрана над спорните острови во Источното Кинеско Море. Бајден, кој допатува во Кина по посетата на американскиот сојузник Јапонија, вчера рече дека е многу загрижен од кинеската постапка. Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили се „целосно способни за остварување ефективна контрола“ над областа. Воените авиони на САД, Јапонија и Јужна Кореја прелетуваа над зоната без да ги пријават летовите кај кинеските власти, како што бара Пекинг. Зоната ги вклучува и Островите Сенкаку кои се под контрола на Јапонија и кои лежат во близина на резерви на нафта и гас, а за кои и Кина тврди дека се нивни.
XS
SM
MD
LG