Достапни линкови

Кери - Ако не сака Карзаи, да потпише авганистанската влада


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека авганистанскиот министер за одбрана или владата, наместо претседателот Хамид Карзаи, треба да го потпишат договорот за безбедност што ќе им овозможи на американските сили да останат во земјата и по 2014 година. Зборувајќи на состанокот на министрите на НАТО во Брисел, Кери ја повика авганистанската влада да го потпише Билатералниот договор за безбедност што поскоро. Претседателот Хамид Карзаи одбива да го потпише договорот, навестувајќи дека може да не го потпише сè до претседателските избори во април. САД и НАТО побараа договорот да биде потпишан итно, со образложение дека државите што имаат војници во Авганистан треба да имаат време да ги подготват плановите. Вашингтон смета дека сите американски и НАТО војници ќе бидат повлечени од Авганистан ако договорот не се потпише наскоро.
XS
SM
MD
LG