Достапни линкови

Приватна американска компанија прв пат лансира комерцијален сателит


Илустрација.

Илустрација.

Приватната американска компанија Спејс експлорејшн компани, или СпејсХ, за прв пат успешно лансира комерцијален сателит. Леталото Фалкон 9 ноќеска беше лансирано од Кејп Канаверал во Флорида и за околу 15 минути во земјината орбита го постави 100 милиони долари вредниот телекомуникациски сателит во сопственост на компанијата СЕС од Луксембург. Сателитот треба да им овозможи телевизиска програма и други услуги на клиенти во Индија, Кина, Виетнам и на други места во Азија. Ова беше трет обид за лансирање на сателитот со ракетата Фалкон 9, откако двата обиди за лансирање минатата недела беа одложени поради технички неисправности. СпејсХ претходно успешно лансираше капсули со товар за Меѓународната вселенска станица со Фалкон ракета.
XS
SM
MD
LG