Достапни линкови

Попоски го разбира Филе дека ситуацијата е деликатна


За Македонија, исто како и за Европската комисија, главниот предизвик останува недостатокот на одлука од страна на Европскиот совет и легитимно е прашањето во однос на тоа кои треба да бидат следните чекори оти Европската комисија би била во деликатна ситуација само да продолжи да повторува препораки, а на Советот да се одлага тоа прашање.
Ова го изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, како одговор на ставот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на денешната дебата за Западен Балкан, на која Филе побара од змејите-членки на Унијата да кажат што планираат со евроинтеграцијата на Македонија оти е неиздржливо ЕК да предлага, а Советот да одлага почеток на пристапните преговори.
Според министерот Попоски, кој исто така говореше на денешната конференција во Брисел, се работи за предизвик со кои треба заедно да се соочат ЕК, земјите-членки и Република Македонија, со цел да отпочне следната фаза од процесот на проширување.
XS
SM
MD
LG