Достапни линкови

Нова средба за Нагорно Карабах


Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан Едуард Налбандиан и Елмар Мамадиров утре во Киев треба да разговараат за Нагорно-Карабах на маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ.
Пред две недели, претседателите на Ерменија и Азербејџан, Серж Саркисијан и Илхам Алијев во Виена разговараа за конфликтот во Нагорно-Карабах и се согласија да ги унапредат преговорите за мирно решение за спорниот регион.
Во Нагорно-Карабах мнозинство се ерменците кои се отцепија од Азербејџан за време на војната во 90-тите години.
XS
SM
MD
LG