Достапни линкови

logo-print

Филе загрижен за Македонија, ќе бара насоки од ЕУ


Средба на премиерот Никола Груевски со еврокомесарот Штефан Филе, Брисел, Белгија.

Средба на премиерот Никола Груевски со еврокомесарот Штефан Филе, Брисел, Белгија.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе е загрижен за домашната политичка ситуација во земјава. Тој изјави дека ќе бара насоки од земјите членки на ЕУ за Македонија.

Загрижен сум за политичката ситуација во Македонија и тензиите меѓу Владата и опозицијата, порача од Брисел, еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„Загрижен сум за домашната политичка ситуација во ПЈР Македонија и тензиите меѓу Владата и опозицијата, како и од немањето резултати за прашањете на името во разговорите кои се водат под капата на Обединетите нации“, изјави Филе за време на дванаесеттата конференција „Западен Балкан-Брза и бавна линија“.
Загрижен сум за домашната политичка ситуација во ПЈР Македонија и тензиите меѓу Владата и опозицијата, како и од немањето резултати за прашањете на името.

Првиот човек за проширување на Унијата, очекува што ќе одлучи Самитот на Европскиот совет откако Комисијата по петти пат препорача отворање на пристапните преговори. Смета дека не е вредно постојаното повторување на препораките за почеток на преговорите, а земјите членки повторно да ветуваат дека ќе се вратат на ова прашање за време на следното престедателство со Унијата.

„Понудивме нов пристап за решавање на добрососедските односи, вклучително и на прашањето за името на почетокот од пристапните преговори. Годинава бараме од земјите-членки да ни кажаат што сакаат со ова прашање?
Да повторуваме и догодина препорака за почеток на преговори? Но дали има терен за тоа, ни треба малку повеќе насоки од земјите-членки.
Да повторуваме и догодина препорака за почеток на преговори? Но дали има терен за тоа, ни треба малку повеќе насоки од земјите-членки“, рече Филе.

А, во време кога пораките од Брисел не стивнуваат, политичките дебати во земјава не укажуваат на водење дијалог и ги намалуваат шансите за компромис меѓу политичките партии, сметаат домашните аналитичари. Иако на дијалогот треба да му се даде шанса, експертите сметаат дека најголем проблем е недостигот на политичка култура, но и погрешната перцепција кај политичките субјекти дека секое условно попуштање или прифаќање на предлогот на другиот значи покажување на слабост.

„Самата политичка култура треба да дојде на некое ниво кадешто доколку нешто биде прифатено од политичкиот противник не треба да биде сфатено како слабост“, вели Владимир Божиновски од Институтот за правни и политички истражувања.

Професорот Арсим Синани пак е убеден дека дека политичките партии во Македонија не се способни да водат дијалог, а голем проблем според него е суетата на домашните политичари.

„Ние во Македонија меѓу политичките партии, па и меѓу политичките партии и граѓаните немаме еден искрен однос, немаме едно отворено општество со своите случувања би дало придонес.“

Аналитичарите заклучуваат дека секогаш има шанса за подобрување на политичкиот дијалог, но дека за тоа да се случи потребно е да се има политичка култура и најважно од се, добра волја кај политичките актери.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG