Достапни линкови

Лајчак: Спорот Македонија и Грција е полесен од Србија - Косово


Мирослав Лајчак

Мирослав Лајчак

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, ги повика Македонија и Грција да се угледаат на договорот меѓу Србија и Косово оти, според него, тоа било потешко да се постигне, отколку наоѓање решение за спорот за името.
На дебатата по повод 12-тата конференција “Западен Балкан: Брза и спора линија” ,каде говореше и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а попладне ќе настапи и македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски, Лајчак истакна дека Македонија и Бсона и Херцеговина се на спората патека за евроинтеграција.
Европратеничката Дорис Пак изјави дека се додека името е пречка, Македонија е заглавена во евро-интегративниот процес. И затоа треба да се повика Европскиот совет да најде начин за излез од оваа ситуација, оти лани имаше добра препорака, но потоа Советот не ја испочитува и не одреди почеток на преговорите со решавање на името во рана фаза од пристапните преговори, посочи Дорис Пак.
XS
SM
MD
LG