Достапни линкови

Демонстрации пред парламентот во Киев


Илјадници демонстранти се собраа денеска пред парламентот во Киев со барање за оставка на владата. Украинскиот парламент денеска расправа за доверба на владата, главно поради одбивањето на Киев да потпише договор за асоцијација со Европската Унија. Деновиве во Украина се одржуваат масовни демонстрации, најголеми од 2004-та по Портокаловата револуција. Премиерот Микола Азаров изјави дека опозицијата планира да ја завземе зградата на парламентот и оти демонстрациите во Украина наликуваат на обид за државен удар. Во меѓувреме, и покрај домашната криза, претседателот Виктор Јанукович денеска ќе отпатува во посета на Кина.
XS
SM
MD
LG