Достапни линкови

logo-print

Лидерите на БиХ со начелна согласност за изборите


Лидерите на највлијателните партии во Босна и Херцеговина по маратонскиот состанок во Прага со еврокомесарот за проширување Штефан Филе постигнале начелна согласност за примена на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Сејдиќ, Финци. Станува збор за можноста и други националности освен оние конститутивните, да можат да се кандидираат на избори. На прес конференцијата одржана изутрината Филе изрази задоволство поради ваквата начелна согласност која ја оцени како почитивен почеток. Радио Слободна Европа дознава дека разговорите ќе продолжат во Сараево. Претходно, разговорите во Прага ги напушти претседателот на Република Српска Милорад Додик, бидејќи, како што изјави, функционерите не можеле да се договорат околу механизмите во Федрацијата.
XS
SM
MD
LG