Достапни линкови

Попоски на средби со претставници на НАТО и ЕУ во Брисел


Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија

Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел каде што ќе има средби со претставници на ЕУ и на НАТО. Како што информира МНР, Попоски ќе учествува на конференцијата на високо ниво посветена на евроинтеграцијата на балканските држави, во организација на реномираниот тинк-тенк „Пријатели на Европа“ и „Фондацијата Конрад Аденауер“.
Исто така, на покана од Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, Попоски ќе учествува на редовниот годишен состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во ИСАФ формат, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел.
XS
SM
MD
LG