Достапни линкови

Транспаренси Интернешнал-корупцијата ги пустоши земјите


Транспаренси Интернешнал во најновиот извештај предупредува дека корупцијата во јавниот сектор и натаму ги пустоши земјите низ светот. Програмскиот кординатор Светлана Савитскаја изјави дека овогодинешниот Индекс за перцепција на корупцијата е прилично мрачен, при што во некои земји ситуацијата се влошила или останала иста како во претходната година. Според неа, сите земји ги имаат истите болести, како што се концентрацијата на економската и политичката моќ во рацете на властите и нејасните линии меѓу политичките и бизнис интересите поради кои борбата со корупцијата тешко се спроведува.
Во Авганистан, Северна Кореја и Сомалија ситуацијата е најлоша, а најдобра е во Нов Зеланд и Данска. Македонија се најде на 67 место.
XS
SM
MD
LG