Достапни линкови

„Порн“ за жесток почеток на Таксират


ПОРН, музичка група од Сан Франциско.

ПОРН, музичка група од Сан Франциско.

Со концертот на „ПОРН“ како бележити претставници на калифорниската андеграунд сцена, во скопскиот клуб „Хавана“, започнуваат случувањата на 15-то јубилејно издание на фестивалот „Таксират“. До 28 декември за кога е закажано големото финале, планирано е да се одржат уште две концертни вечери – на првата „Од Вардар до Триглав“ во МКЦ ќе настапат новите сили на балканската независна сцена, а недела дена подоцна на 14 декември во „Експо центар“ се очекува перформансот на српскиот хип-хоп феномен БЕД КОПИ.

Петнаесеттото јубилејно издание на фестивалот „Таксират“, манифестацијата која и натаму останува на браникот на одбрана на урбаниот дух на нашево труло турбо-поп буниште, ќе има свој жесток почеток. Пред македонската публика по прв пат ќе свират ПОРН, составот кој доаѓа од Сан Франциско и кој на трагачите по музички возбуди од 1999 година наваму им беше познат како THE MAN OF PORN. Зад себе имаат повеќе соработки кои резултираа со четири студиски албуми.
Она што овој бенд го прави карактеристичен и незаобиколен за едно концертно уживање е токму нивната неконвенционалност и еден жесток звук кој што се движи некаде од она што се нарекува стонер-рок до алтернативен метал.

Првиот „Porn American Style“ го објавија во 1999 за веќе непостоечката етикета Man’s Ruin Records, вториот „Experiments in Feedback“ се појави две години подоцна, одличниот „Wine, Women and Song“ во 2004 и овде на најдобар можен начин ги презентираа своите инспирации од музичари и бендови како легендарните БЛЕК САБАТ, преку ВРВ, до џез великанот Орнет Колмен, а тука е и последното сплит-издание „…And The Devil Makes Three“ од КОНКВЕРИНГ ЛАЈОН.

КОНКВЕРИНГ ЛАЈОН.

2008 снимено во соработка со јапонскиот ноиз-артист Масами Акита. Во Скопје ќе ги видиме и чуеме во формација Тим Мос - гитарист, вокалист и некогашен член на РИТУАЛ ДИВАЈС, Били Голд – басистот на легендарните ФЕИТ НОУ МОР и унгарскиот тапанар Балаш Панди (кој паралелно свири и со едно од најзначајните имиња во ноиз
Таксират токму пред 15 години започна во Младинскиот културен центар. Почна претставувајќи ги најзначајните регионални имиња и од таму и насловот на оваа концертна вечер „Од Вардар до Триглав“.
музиката MERZBOW).

„Она што овој бенд го прави карактеристичен и незаобиколен за едно концертно уживање е токму нивната неконвенционалност и еден жесток звук кој што се движи некаде од она што се нарекува стонер-рок до алтернативен метал. Тие во секој случај се уникатен и сам посебе својствен бенд кој можеби нема да го чуете на меинстрим радио станиците, па токму и поради тоа нивниот перформанс добива на посебност бидејќи се работи за неверојатно жестоко концертно искуство кое едноставно нема да го заборавите “, истакнува Катерина Цветковска од „Пасворд продукција“, потписниците на „Таксират“.
РЕПЕТИТОР.

РЕПЕТИТОР.


Оф-програмата продолжува на 8 декември со вечерта симболично насловена како „Од Вардар до Триглав“ која е планирано да се одржи во Младинскиот културен центар. Овде публиката најнапред ќе биде сведетел на концертната промоција на новиот (одличен) албум на нашите КОНКВЕРИНГ ЛАЈОН - „Relevation“, за да потем ги види и чуе и најзначајните претставници на младата независна сцена од регионов.

„Таксират токму пред 15 години започна во Младинскиот културен центар. Почна претставувајќи ги најзначајните регионални имиња и од таму и насловот на оваа концертна вечер „Од Вардар до Триглав“. Меѓутоа овојпат, на оваа концертна вечер, „Таксират фестивал“ ги ноcи најдобрите претставници или подобро речено предводници на младата независна сцена. Доаѓаат КОНКЕРИНГ ЛАЈОН од Македонија, а тука се и предводниците на српската млада сцена РЕПЕТИТОР, кој годинава веќе влегоа во изборот за најдобар инди бенд од регионот, тука е и водечкиот глас на словенечкиот хип-хоп ЕН-ТОКО, познат по многу соработки со бројни јапонски артисти, а тука се и нашите млади панк-рок предводници ФОНИЈА“, дополнува Цветковска.

Нецела недела подоцна, на 14 декември, во „Експо центар“, ќе се случи и перформансот на нам добро познатите БЕД КОПИ, српските хип-хоп бунтовници кои несомнено го привлекуваат вниманието на поширокиот аудиоториум со својот однос кон музиката и пораките што ги донесуваат. Нивна подршка ќе бидат локалните собеседници ДИВИЗИЈА, а од „Пасворд продукција“ веќе најавија и неколку навистина значајни бендови кои е планирано да настапат на финалната вечер на јубилејното издание на фестивалот која ќе се одржи на 28 декември во Метрополис арена. За ноќта во која „Скопје треба да се преврти наопаку“ засега сигурно ќе се погрижат нашиот дефинитивно најпотентен рокенрол бенд БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, БЕЛГРАДСКИ СИНДИКАТ, по две години повторно на „Таксират“ ќе ги видиме и босанските ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, тука се и Д ЛОКОС од Шпанија и конечно незаменливиот Горан Баре и неговиот бенд МАЈКЕ од Хрватска.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG