Достапни линкови

Путин: протестите во Украина не се револуција


Претседателот на Русија Владимир Путин оцени дека демонстрантите во Киев против одлуката на Украина да не ја потпише спогодбата за асоцијација со Европската унија не биле револуција туку погром. „Тие акции се подготвувани однадвор. Гледаме дека во нив се вклучени добро организирани групи. Тоа е обид за дестабилизација на една легитимна влада“, рече Путин за време на денешната посета на Ерменија.
XS
SM
MD
LG