Достапни линкови

logo-print

Советот на Европа и нуди помош на Украина


Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјерн Јагланд повика денеска на обнова на дијалогот во Украина и понуди помош за завршување на кризата во таа земја. „Ги повикувам сите страни да се воздржат од насилство и да му се вратат на дијалогот“, соопшти тој. Претходно и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо побара од украинските власти да го почитуваат правото на собирање и на мирни демонстрации, како и што поскорашно почнување разговори меѓу релевантните политички сили во таа земја. Во Киев и денеска продолжија протестите откако владата се откажа од потпишувањето на Спогодбата за асоцијација со Европската унија.
XS
SM
MD
LG