Достапни линкови

Одложен грчко македонскиот бизнис форум во Атина


Грчко македонскиот бизнис форум што требаше да се одржи на 17 декември во Атина е одложен, јави МИА. Засега нема официјално објаснување од организаторот, Атинската Комора за трговија и индустрија зошто го одложува форумот, ниту некакви најави за нов датум. Целта на форумот требаше, пред се, да биде да се истражи потенцијалот за понатамошен развој на трговската размена меѓу двете земји. Тоа требаше да биде прв бизнис форум во Атина, но не и прва средба на бизнисмените од двете земји. Македонско грчки деловни форуми до сега се одржани со стопанските комори на Солун и Халкидики.
XS
SM
MD
LG