Достапни линкови

Усогласувања за измените на Изборниот законик


илустрација

илустрација

Денеска продолжи средбата меѓу претставници на Државната изборна комисија, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ОБСЕ за измените и дополнувањата на Изборниот законик. СДСМ како што најави во петокот, денеска ги достави своите видувања во 13 точки, а како клучна е заложбата за издвојување на партиските од државните активности. Од денот на распишување на изборите до објавување на конечените резултати за сите носители на јавни функции вклучувајќи ја и локалната власт да се забрани пуштање во употреба и започнување изградби со средства од буџетот јавни фондови, јавни претпријатија и други правни лица. СДСМ предлага и утврдување фиксен износ за донации од максимум 30 илајди евра, обележување на гласачите со видливо мастило, забрана на медиумите да даваат попусти за учесниците во изборната кампања со посебна обврска за јавниот сервис МРТ и пречистување на Единствениот избирачки список.
XS
SM
MD
LG