Достапни линкови

Груевски-Чакрабарти: поддршка од ЕБРД за Македонија


премиерот Никола Груевски

премиерот Никола Груевски

Претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабарти по средбата со премиерот Никола Груевски што се одржа денеска во седиштето на ЕБРД во Лондон оценил, како што јавува МИА, дека Македонија прави одличен напредок во макроекономските показатели и заздравува подобро од земјите во еврозоната. Тој за следната година прогнозира раст од 3,2 проценти и силна инвестициска година во инфраструктурни проекти. Премиерот Груевски истакна дека на средбата главно биле фокусирани на проектите што следат во иднина, бидејќи постоечките, како што рече, одат добро и нема отворени прашања по нив.
XS
SM
MD
LG