Достапни линкови

logo-print

Нема услови за геј парада во Скопје


Илустрација.

Илустрација.

Општествениот контекст што го создаде владејачката гарнитура во последните неколку години, не дозволува одржување геј парада во Скопје.

Нема услови за одржување на геј парада во Македонија, се согласуваат анкетираните и упатените. Граѓаните кои ги анкетиравме за рубриката „Хајд Парк“ на нашата интернет страница се со поделени мислења околу тоа дали поддржуваат или не поддржуваат организирање на ваков настан во Скопје.

Мислам дека многу луѓе се против, а јас ја поддржувам таа идеја.
„Мислам дека многу луѓе се против, а јас ја поддржувам таа идеја. Јас сум за.“

„Не сакам да се одржи геј парада кај нас, мислам дека нема услови за такво нешто.“

„Мислам дека сè уште има хомофобични испади околу нас, сè уште постојат такви лица со такви убедувања, а јас лично немам ништо против.“

„Не знам, јас мислам дека секој има право на избор, кој како сака нека прави, како му е убаво – така“, велат анкетираните граѓани во рубриката Хајд Парк.

Дали има услови за одржување на геј парада во Македонија и дали би подржале ваква иницијатива? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Низ медиумите веќе кружат најави за одржување на геј парада во Скопје. ЛГБТ организациите соопштуваат дека се одржуваат состаноци и се формираат работни тела. Условите ги нема примарно бидејќи власта не ги создава, смета професор Мирјана Најчевска.
Станува збор само за борба луѓето што имаат различна сексуална ориентација да имаат еднакви права како сите други луѓе.

„Владата, односно моменталната владејачка структура, во сите овие изминати години направи сè што е во нивна можност да ги уништи сите придобивки коишто претходно беа направени во насока на сместување на прашањето за правата на луѓето, заедно со правата на луѓето базирани на сексуалната ориентација“, вели Најчевска.

Проблемот е во тоа што кога луѓето зборуваат за овие права, се добива впечаток дека станува збор за некакви посебни права за хомосексуалците, вели Најчевска.

„Никој не се обидува да разбере дека станува збор само за борба луѓето што имаат различна сексуална ориентација да имаат еднакви права како сите други луѓе, односно да не им бидат повредувани нивните базични човекови права“, вели Најчевска.

Дека станува збор за „жешка тема“ се гледа и по инцидентите. Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата во старата скопска чаршија беше вандализиран неколку пати. Покрај апелите од граѓанскиот сектор, дипломатскиот кор и меѓународни организации, засега нема официјални информации околу тоа дали некој е казнет за инцидентите, како и за обидот за палење на објектот.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG