Достапни линкови

Ерменија - протести поради Царинската Унија со Русија


Стотици демонстранти протестираат во Ереван поради одлуката на Ерменија да и се приклучи на Царинската Унија со Русија, во очекување на посетата на рускиот претседател Владимир Путин. „Стоп за Русија“ и „Путин, оди си дома“ се паролите на демонстрантите.
Путин инаку пристигна во градот Гумри каде се наоѓа руската воена база пред да го посети и Ереван каде со претседателот Серж Саркисијан ќе има разговори за Царинската Унија на Русија, Белорусија, Казахстан и Ерменија.
XS
SM
MD
LG