Достапни линкови

Ваши коментари - „Патриоти и предавници“


Можниот успех на новите партии, посетата на првиот човек на Европската федерација на новинари и странските инвестиции се најкоментираните теми на нашата интернет страница.

Дебатата по текстот за тоа дали новите партии имаат шанси за успех на политичката сцена, на нашата веб страница, се претворила во полемика со познатите призвуци: патриоти и предавници. Па наместо да коментираат за тоа што им нудат на граѓаните програмите на тие мали партии за подобар живот, редовните Миле и Владо, со познатата дури и навредлива реторика се нафрлаат врз Пиле кој смета дека треба да се промени изборниот модел во Република Македонија и дека партиски неопределените доста молчеле.
Перо објаснува дека за издавање државна тајна одговара оној кој со закон е обврзан да ја чува, а не тој што ја објавил, новинар чија професија е истражувачкото новинарство.
Коментар од читател.

Архивска фотографија.
Архивска фотографија.
Миле од Охрид, на пример, го нарекува Пиле „мегафон и адвокат на странските непријателски сили и наместо граѓаните, избор да прават менторите на идејата за промена на името и бришење на државава од картата на светот“. Владо од Скопје смета дека Пиле е тенко поткован од својот вожд, т.н лидер и дека дава само „парцијални коментари од парцијални статии исфрлени од Радио Слободна Европа“.
Поповски беше дел од естаблишментот на СДСМ, зошто тогаш не покажа како треба?
Коментар од читател.

На некои наши граѓани, очигледно, сите странци, особено оние кои реално ги гледаат и кажуваат за состојбите во земјава, особено за слободата на медиумите - се непријатели. По информацијата за престојот и за разговорите со некои министри на генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез, кој вели дека само во Македонија и во Турција има затворени новинари, нова полемика на нашата веб-страница за тоа дали новинарот Кежаровски сторил кривично дело и зошто нема одговорност за службените лица кои од заштитениот сведок изнудиле лажна изјава.

Перо објаснува дека за издавање државна тајна одговара оној кој со закон е обврзан да ја чува, а не тој што ја објавил, новинар чија професија е истражувачкото новинарство. МК Обсервер смета дека новинарите не се посебен заштитен вид и дека во „амбасадите претставнички на ’меџународната‘ заедница, појачани со квази НВО-а во БЈРМ демне непријателот во заседа и уживка“.

А присуството на ставовите на универзитетскиот професор Никола Поповски во нашиот текст „По странските инвеститори не се трча и моли“ има повеќе реакции кои можат да се сведат на коментарот од Анонимен: „Поповски беше дел од естаблишментот на СДСМ, зошто тогаш не покажа како треба? Дали некој го спречи? А вие во редакцијата требало да го прашате, убаво ни објаснивте, ај сега кажи зошто тоа што го сугерирате не го направивте кога бевте министер?“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG