Достапни линкови

Премиерката на Тајланд го одби ултиматумот за оставка


Премиерот на Тајланд ги отфрли барањата за оставка на анти владините демонстранти и ултиматумот на лидерот на опозицијата. Џинглук Шинаватра изјави дека барањата не се уставни а оти таа е отворена за дијалог со демонстрантите.

Во Бангкок полицијата употреби солзавец, водени топови и гумени куршуми за да растера илјадници демонстранти кои се обидува да ги завземат владини згради.

Тие ја обвинија премиерката дека им служи на интересите на нејзиниот брат, поранешниот премиер Таксин Шинаватра, врз кој беше извршен воен удар во 2006 година.
XS
SM
MD
LG