Достапни линкови

Иран смета дека и се потребни повеќе нуклеарни централи на земјата


Раководителот на иранската нуклеарна програма рече дека на земјата и требаат повеќе нуклеарни централи. „Иран треба да изгради електрани за 20 000 мегавати електрична енергија“, беше цитиран во медиумите, Али Акбар Салехи. Тоа , како што додаде , ќе и помогне на земјата да ја намали емисијата на јаглерод и потрошувачката на нафта. Иран се согласи да замрзне дел од својата нуклеарна програма во замена за олеснување на економските санкции од страна на западните сили.
XS
SM
MD
LG