Достапни линкови

logo-print

Тајланд:полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Банкок


Специјалната полиција во Банкок употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да влезат насилно во комплексот на премиерот и седиштето на полицијата. Ова е прв пат полицијата да употреби сила против демонстрантите кои протестираат цела недела во обид да ја соборат од власт премиерката Јинглук Шинаватра. Тензиите почнаа да растат во саботата откако про и анти владините групи се судрија и неидентификувани напаѓачи убија две лица. Најмалку 45 лица се повредени во судирите. Демонстрантите ја обвинуваат премиерката Шинаватра дека им служи на интересите на нејзиниот брат, Таксин Шинаватра кој беше соборен со воен удар поради корупција и злоупотреба на власта во 2006 година.
XS
SM
MD
LG