Достапни линкови

Тепачка во центарот на Скопје, тинејџер погоден со куршум


Осумнаесет годишно момче е погодено со куршум во нога по тепачка која синоќа околу 1 часот по полноќ се случила пред кафулето „Тренд“, во центарот на Скопје.
Од МВР информираат дека момчето е повредено случајно, откако по тепачка меѓу две поголеми групи, еден од учесниците извадил пиштол и испукал неколку куршуми.
Повреден е А.З. кој во моментот на тепачката поминувал пред кафулето и тој е пренесен на лекување во Ургентниот центар.
XS
SM
MD
LG