Достапни линкови

Заврши амандманската расправа за Буџетот за 2014


Собраниската Комисија за финансирање и буџет на полноќ ја заврши амандманската расправа по Предлог-законот за Буџет за 2014 година, иако не беа разгледани сите 684 поднесени амандмани. Расправата беше прекината бидејќи измина рокот од десет дена предвиден во Деловникот за разгледување на амандманите. Од 291 разгледани амандмани, прифатени се само пет.
Сите амандмани ќе бидат дел од Извештајот на Комисијата, кој најнапред ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Трајко Вељановски кој потоа ќе го проследи до Владата. Откако ќе биде вратен од таму, Собранието на седница во рок од пет дена ќе треба да го донесе Буџетот за следната година. Седницата се уште не е закажана.
Опозициските пратеници обвинија дека со последните измени и дополнувања на Деловникот, што беа изгласани само од владејачкото мнозинство, им се одзема правото да се изјаснат за сите амандмани и дека 10 дена не се доволни за тоа.
Од вкупно 684 амандмани, 316 беа на СДСМ, 178 на НДП, 150 на ДПА, 33 на ПЕИ, а НСДП имаше поднесено седум.
XS
SM
MD
LG