Достапни линкови

logo-print

Пакистан:милитантите нападнаа безбедносен конвој


Милитантите во Пакистан нападнаа безбедносен конвој во близина на границата со Авганистан. Претставници на Пакистанската разузнвачка служба рекоа дека тројца војници загинале а двајца биле повредени во нападот кој се случил во областа Базаи во племенскиот регион. Нападнатиот конвој носел храна до контролниот пункт. Портпаролот на пакистанските талибанци ја презеде одговорноста за нападот велејќи дека тие убиле четворица војници и повредиле неколку.
XS
SM
MD
LG