Достапни линкови

Камерон во посета на Кина


.

.

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ќе пристигне во Кина придружуван од околу 100 деловни луѓе со намера да ги унапреди односите со новото раководство на таа земја предводено од претседателот Кси Јинпинг како и трговијата. Групите за човекови права побараа од Камерон да изврши притисок врз Кина околу ветените реформи. Аналитичарите велат дека односите меѓу Велика Британија и Кина се заладени од минатата година кога Камерон се сретна со прогонетиот духовен лидер, Далај Лама на Тибет. Оваа посета за некои е шанса да се сврти нова страница меѓу двете земји. Камерон последен пат ја посети Кина во 2010 година.
XS
SM
MD
LG