Достапни линкови

Украина:за денеска најавени уште помасовни протести


За денеска во Украина се најавени уште поголеми антивладини протести.Тензиите во Украина растат откако претседателот Виктор Јанукович одби да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ на самитот во Литванија во петокот. Вчера полицијата употреби палки и парализирачки гранати за да ги отстрани демонстрантите од Плоштадот на независноста во Киев. ЕУ и САД го осудија насилството а Јанукович вети истрага но не ја обвини директно полицијата. Опозициските лидери најавија генерални протести се додека Јанукович не си поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG