Достапни линкови

Загреб:марш против уставната дефиниција на бракот


.

.

Околу илјада граѓани се собраа денеска во центарот на Загреб на марш со кој ден пред утрешниот референдум уште еднаш ги повикаа граѓаните да гласаат против уставната дефиниција на бракот како животна заедница на маж и жена. Поворката помина низ центарот на градот од Цветниот плоштад до седиштето на Владата и Марковиот плоштад а целата група беше обезбедувана од силни специјални полициски сили. Освен во Загреб собири се одржаа и во други градови на Хрватска. Изјаснувањето за уставната дефиниција на бракот го иницираше крајно конзервативната граѓанска иницијатива „Во име на семејството“.Против уставната дефиниција на бракот како животна заедница на маж и жена се изјаснија претставниците на владејачката коалиција на левиот центар, меѓу кои и претседателот Иво Јосиповиќ и премиерот Зоран Милановиќ кои изјавија дека ќе гласаат „против“.
XS
SM
MD
LG