Достапни линкови

СДСМ ја презентираше својата програма за децентрализацијата


СДСМ денеска во Охрид презентираше уште еден дел од својата пропграма која се однесува на децентрализацијата.
Првиот дел се однесува на децентрализација на центрите за социјални работи со што според лидерот на партијата, Зоран Заев, ќе се овозможи транспарентност во одлучувањето при распределбата на социјалната помош.
Втората мерка се однесува на децентрализацијата на примарната здравствена заштита, преку која СДСМ има намера да овозможи унапредување, осовременување и доекипирање на превентивната и примарната здравствена заштита, додека како трет сегмент на децентрализацијата на власта лидерот на СДСМ го посочи секторот за јавен ред и мир од МВР кон општините, мерка за која оцени дека ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните.
Претседателот на СДСМ ја искористи можноста да испрати порака до Владата за помош во одблокирањето на сметката на општина Охрид.
XS
SM
MD
LG