Достапни линкови

logo-print

Објавен оглас за вработување млади луѓе, корисници на социјална помош


Министерството за труд и социјална политика денеска објави оглас за субвенционирање за вработување на невработени млади лица до 29 години, корисници на социјална парична помош. Вкупниот износ средства обезбеден за реализација на оваа програма е 12 милиони и 750 илјади денари за обезбедување на вработување на 125 лица.
Министерството, ќе обезбеди субвенции за плати за период од шест месеци за младите лица корисници на социјална парична помош и со обврзување за работодавачите овие лица да ги задржат во работен однос уште дополнителни шест месеци.
XS
SM
MD
LG