Достапни линкови

САД нудат помош за уништување на сириското хемиско оружје


САД понудија да уништат дел од сирискиот арсенал на хемиско оружје на своите бродови во Средоземното море, соопшти денеска Организацијата за забрана на хемиското оружје. Американската влада понудила „технологија, поддршка и финансирање на уништувањето“ на дел од сириското хемиско оружје на море, се вели во соопштението од организацијата. Како што се јавува, оваа акција , со помош на Сирија би требало да биде завршена до 31 декември 2013 година. Според резолуцијата на ООН , уништувањето на хемиското оружје Сирија треба да го заврши до 30 јуни 2014 година.
XS
SM
MD
LG