Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја: aмериканец си го прочитал своето признание


Севернокрејските медиуми објавија дека американскиот државјанин, кој помина еден месец во притвор, признал дека направил „непријателски дела“ против Северна Кореја во текот на неговиот неодамнешен престој во земјата, но и порано, во текот на Корејската војна. Медиумите објавуваат снимка на која се гледа како 85- годишниот Мерил Њуман , учесник во Корејската војна, го чита своето извинување, кое го напишал на 9 ноември. Севернокорејските власти во повеќе наврати се обвинувани дека од затвореникот изнудувале признание.
XS
SM
MD
LG