Достапни линкови

Пакистанскиот премиер во посета на Кабул



Пакистанскиот премиер е во еднодневна посета на Кабул на разговори околу започнувањето на мировниот процес со Талибанците и енергетските проекти со цел да се ублажат хроничните недостатоци од електрична енергија во двете земји. Наваз Шариф е за прв пат во Кабул по изборот на функцијата, на разговори со претседателот Хамид Карзаи кој бара од Пакистан да помогне во разговорите со Талибанците.Се смета дека голем број од талибанските лидери имаат седиште во Пакистан. Кабул го обвинува Пакистан дека им помага на Талибанците што ги зголемува тензиите меѓу двете земји. Шариф не создаде услови за намалување на тие тензии.
XS
SM
MD
LG