Достапни линкови

Грчката црква жестоко против хомосексуалноста


Во грчкиот парламент, и покрај најавата, денеска не беше расправано за законот за легализација на заедницата меѓу исто-полни двојки. Носењето на овој закон е одложено поради жестокиот отпор на конзервативците во парламентот во Атина, како и на Грчката православна црква. Митрополитот Серафим изјави дека хомосексуалноста е страшен грев и се закани дека ќе ги исклучи од црквата сите оние законодавци што ќе гласаат за законот. Тој повика и на итна седница на Синодот на Грчката православна црква на која би се расправало за овој проблем.
XS
SM
MD
LG