Достапни линкови

Јанукович: Украина се уште е за договор со ЕУ


Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека Киев сака да го потпише историскиот нов пакт со Европската унија во блиска иднина и покрај неуспехот тоа да го стори на денешниот самит на Источното партнерство во Вилнус. „Потврдувам дека украинската намера е да ја потпише Спогодбата за асоцијација со Унијата во блиска иднина“, им изјави Јанукович на новинарите во Вилнус. Претходно, во Вилнус Европската унија ги парафира Спогодбите за асоцијација и за слободна трговија со Грузија и Молдавија. Исто така беше потпишан и договор за олеснување на визниот режим со Азербејџан.
XS
SM
MD
LG