Достапни линкови

„Вечерње новости“: преговорите на Србија со ЕУ на 20 декември


Одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Србија и Европската унија е веќе начелно договорена, пишува српскиот весник „Вечерње новости“ и додава дека Белград ќе добие зелено светло на работната вечера на лидерите на ЕУ, односно на 20 идниот месец. Според весникот деновиве Белград добил сигнал од седиштето на ЕУ дека ќе добие „зелено светло“ во декември и сугерирано му било да почне подготовки за официјалниот старт на преговорите и да го усогласи составот на делегацијата, која ќе патува во Брисел.
XS
SM
MD
LG