Достапни линкови

Во Тајланд продолжуваат антивладините протести


Најмалку илјада антивладини демонстранти денеска упаднале во штабот на тајландската армија во Бангкок. Се наведува дека тие се наоѓале во дворот, но не и во зградата на армискиот штаб. Демонстрантите, според агенциите, протестираат и пред партиските канцеларии во градот. Премиерот Јинглук Шинаватра вчера го преживеа гласањето за недовреба во парламентот. На протестите кои почнаа во минатата недела се бара оставка на нејзината влада. Демонстрантите сметаат дека владата и натаму е под контрола на нејзиниот брат, поранешниот лидер Таксин Шинаватра кој претходно беше отстранет од функцијата.
XS
SM
MD
LG