Достапни линкови

БиХ: 40 години затвор за шеф на гангстерска банда


Зијад Турковиќ

Зијад Турковиќ

Човек обвинет дека бил шеф на гангстерска банда во Босна и Херцеговина е осуден на 40 години затвор за убиства и грабежи. Станува збор за Зијад Турковиќ кој судот во Сараево го осуди за најмалку пет убиства, вклучувајќи и убиство на бремена жена, како и за грабеж на над милион евра. Неговиот помошник Миленко Лакиќ исто така е осуден на 40 години затвор, додека на тројцата други членови на бандата им биле изречени казни од три до 12 години затвор. Ова се најстрогите казни изречени досега во Босна и Херцеговина. Обвинителство оцени дека се работело за најопасната криминална група во земјата по војната.
XS
SM
MD
LG